Реал Мадрид се соочува со кадровски проблеми пред натпреварот со Леванте во рамките на 5 коло од Ла Лига. Во текот на денешниот ден станало јасно дека дефанзивецот Даниел Карвахал заработил повреда на лигамент на десното колено и ќе биде надвор од теренот долго време.
Според прес-службата на Кралскиот клуб, по Карвахал се повредил уште еден играч на десната страна од одбраната, Алваро Одриозола. Според АС , заздравувањето на Шпанецот ќе трае од 7 до 10 дена.
Натпреварот Леванте – Реал Мадрид ќе се одигра утре на 4 октомври на стадионот „Де ла Керамика“ во Виљареал. Почетокот е во 16:00 часот, а пред овој натпревар тимот од Мадрид има 7 бода од 3 кола, додека Леванте 3 бода од исто така 3 натпревари.

