Само Иско од повредените успеа да се опорави и да влезе во групата на Реал Мадрид за мечот со Хетафе кој се игра утре.
Тренерот Зинедин Зидан е ограничен во неговиот избор, има само 13 играчи од првиот тим, од кои двајца се голмани. Загриженоста за Алваро Одриозола и Едер Милитао, кои се повредија беше оправдана. Од различни причини, на натпреварот нема да учествуваат Серхио Рамос, Еден Азар, Даниел Карвахал, Федерико Валверде, Лукас Васкез, Родриго и Тони Крос. Во оваа ситуација, тренерот беше принуден да повика шест играчи од академијата на Реал Мадрид.
Овој натпревар против Хетафе требаше да се игра на почетокот на сезоната во Ла Лига, но беше одложен поради долгото учество на Реал Мадрид во Лигата на шампионите.