Учеството на Ромелу Лукаку во натпреварот од Лигата на шампионите против Јувентус останува под знак прашалник, потврди менаџерот на „сините“ Томас Тухел. Белгискиот напаѓач се повреди на средбата со Малме минатиот месец и од тој момент нема настап на ниту еден натпревар.
„Се уште е неизвесно дали Лукаку ќе игра. Тој изгледаше добро на тренингот вчера. Ќе видиме што ќе се случи. Максимумот за него е да се појави на теренот во последните минути. Се ќе биде јасно по неговата средба со медицинскиот персонал“, – изјави Тухел за медиумите.
„Играчот од средниот ред Жоржино е целосно подготвен да им се приклучи на тимот, тој е добро, но Каи Хаверц има проблем и останува неизвесен “, додаде германскиот тренер. Освојувачот на трофејот од минатата сезона, Челзи, загуби од „бјанконерите“ со 0:1 во првиот меч меѓу двата тима во септември. Во групата Х, лондончани заостануваат три бода зад лидерот Јувентус. „Ќе се обидеме да го освоиме првото место, но мора да победиме на овој меч“, изјави Томас Тухел.

