Почнуваат да се зголемуваат проблемите со повредите во Интер. Неколку играчи на Нероаѕурите се повредени по мечот со Монца, открива „Газета дело спорт“. Станува збор за Хакан Чалханолу, Николо Барела и Ромелу Лукаку. Сите тие ќе го пропуштат дуелот со Парма во Купот на Италија оваа недела.
Овие играчи во текот на денот ќе бидат подложени на тестови за да се утврди колку се сериозни нивните повреди. Во моментов најголема грижа е за Чалханолу, кој се жали на болки во бутот. Доколку се покаже дека неговата повреда е посериозна, тој може да го пропушти дури и натпреварот од Суперкупот на Италија против Милан.
Во однос на Лукаку се жали на проблем со коленото. Има надеж да се опорави навреме за пресметката со Милан. Повредата на Барела се чини дека е најлесна, бидејќи тој превентивно нема да игра против Парма, но се очекува да биде достапен за средбата со Верона во сабота.
Во исто време во амбулантата на Интер се уште Марсело Брозовиќ и Самир Хандановиќ.