Проблемите за германскиот шампион Баерн Минхен продолжуваат, а неколку дена по поразот од Борусија Дортмунд стигна уште една лоша вест.
Баерн Минхен не само што е на седум бода од лидерот Борусија туку останува и без уште еден фудбалер. „Баварците“ денес објавија на својата официјална веб-страница дека ќе бидат без офанзивниот играч од средниот ред Хамес Родригез наредната недала.
Колумбискиот интернационалец вчера добил боли во коленото и го напуштил тренингот на својата екипа Прегледот на д-р Милер-Волфгарт ја откри повредата, а третманот на Родригез вклучува 10 дена целосно ограничување на движење на ногата, потоа одење на терапија и рехабилитација, се вели во соопштението на Баерн Минхен.
Хамес Родригез стана уште еден играч на Баерн кој влегува во клупската амбуланта. Во моментов повредени се Корентен Толисо и Тиаго Алкантара. Кингсли Коман конечно започна со тренинзи, но тој сеште е далеку од враќање во екипата.