Маратонците од Кенија очекувано ги пополнија местата на пиедесталот на главната трка на годинешниов – „Виз Ер Скопски маратон“.
Победи Еванс Кипкемои Бивот кој патеката ја помина за 2.14.08 часа пред Џон Лагат (2.14.59) и Хозе Руто Кипротиќ (2.28.58). Што се однесува до нашите, најдобар е Александар Кираџиев кој успеа да го освои петото место.
Во женската трка победи Џедида Карунгу од Кенија која постигна време од 2.51.24 часа пред Марија Брајиќ Хрватска со резултат 3.02.00 и нашата Адријана Поп Арсова која ја претрча патеката за 3.05.04. На 14. издание на „Виз Ер Скопскиот маратон“ учествуваа повеќе од 10.000 маратонци од 58 земји.