Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Продолжува возбудувањето во ЛШ, некој вечерва ќе обезбеди осминафинале
    Фудбал

    Продолжува возбудувањето во ЛШ, некој вечерва ќе обезбеди осминафинале

    risteBy riste02/11/2021No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вечерва ќе се одиграат 8 натпревари од 4.коло во групната фаза од Лигата на шампионите. Екипите кои настапуваат оваа сезона со вечерашните натпревари влегуваат во втората фаза од натпреварите во групи и денеска се очекува да бидеме сведоци на тоа како неколку екипи си обезбедуваат пласман во фазата на елиминации. Од друга страна другите ќе мора да победат по секоја цена за да ги задржат шансите за учество во Лига Европа.

    Во групата Е, Барселона гостува кај Динамо (Киев) и секој друг резултат освен победа ќе ги стави Каталонците во крајно неповолна ситуација. Имаат само 3 бода на своето конто, освоени против Украинците пред две недели. Во оваа група се најавува сериозна битка за втората позиција со Бенфика, но во неа може да се замеша и Динамо Киев доколку вечерва слават против Барселона. Недостижен на врвот е Баерн (Минхен). Роберт Левандовски и колегите од тимот имаат вкупно 9 бода и успехот на „Алијанц Арената“ против Бенфика вечерва ќе значи сигурно учество во следната фаза.

    Манчестер Јунајтед е лидер во групата „Ф“, но не може да се чувствува спокојно пред гостувањето кај Аталанта. Пред две недели „црвените ѓаволи“ направија извонреден пресврт од 0:2 победија со 3:2 и сега Италијанците ќе сакаат да се одмаздат. Разликите меѓу 4-те екипи е мала и секоја од нив има надежи за пласман во елиминациската фаза. Најмалку веројатни се шансите на Јанг Бојс, кој претрпе тежок пораз на домашен терен од Виљареал, а сега ќе гостува кај „жолтата подморница“.

    Интересно е и во групата „Г“, каде досега преовладуваат нерешени резултати. РБ Салцбург води со 7 бода. Австрискиот тим вечерва гостува во Волфсбург и доколку победи речиси сигурно ќе биде во нокаут фазата. Волфсбург ќе мора да оди на задолжителна победа, во спротивно ќе им биде многу тешко да завршат на едно од првите две места. Во другиот меч Севиља го пречекува Лил по три „нерешени“ натпревари досега. Лил, пак, има само два бода и доколку загуби 99% ќе биде елиминиран од битката за пласман во следната фаза.

    За разлика од неговиот настап во Серија А, Јувентус е убедлив во Лигата на шампионите и води во групата Х со три победи од три натпревари и гол разлика 5:0. Вечерва „бјанконерите“ се среќаваат со Зенит во обид да дојдат до нов успех кој ќе им гарантира учество во следната фаза, а ќе бидат во предност за освојување на првото место. Челзи е другиот фаворит во групата. Актуелниот европски клупски шампион немаше проблем со Малме на Стемфорд Бриџ, но се очекува Швеѓаните да дадат поголем отпор на домашен терен.

    Фудбал, Лига на шампиони
    Денес од 21.00 часот:
    Група Е
    Баерн М. – Бенфика
    Динамо Киев – Барселона

    Група Ф
    Аталанта – Манчестер Ј.
    Виљареал – Јанг Бојс

    Група Г
    Волфсбург – Салцбург (18.45)
    Севиља – Лил

    Група Х
    Малме – Челзи (18.45)
    Јувентус – Зенит

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.