Денеска во два термина ќе бидат одиграни првите пресметки од четвртфиналната фаза во второто по ранг натпреварување под капата на УЕФА.
Станува збор за Лигата на Европа. Од 18.45 часот германскиот РБ Лајпциг ќе биде домаќин на Аталанта. Во вечерниот термин ќе има три меча. Фокусот ќе биде во Германија. Таму Ајнтрахт Франкфурт ќе ја пречека Барселона. Шпанците се влезе во одлична серија на победи.
Паралелно во Англија, Вест Хем ќе му биде домаќин на францускиот Лион додека Брага во Португалија ќе ги одмери силите со Глазгов Ренџерс од Шкотска