Плановите за обнова на Бундеслигата на 9 мај би можеле сериозно да се доведат во прашање заради зголемениот број ново заразени од коронавирусот во Германија, објави „Дејли Меил“.
Многу клубови во Бундеслигата го продолжија тренингот во пресрет на рестартирање на сезоната. Германската полиција веќе се спротивстави на ова.
Причина за загриженост беше зголемувањето на стапката на репродукција на коронавирусот. Покажува колку луѓе се заразени од носител на инфекција. Откако падна на 0,7, сега скокна на 1,0. На почетокот на март коефициентот беше 3.
Уште никој не може да каже зошто има пораст, но се претпоставува дека тоа е заради велигденските празници, кои беа во Германија пред две недели, објави Дојче Веле.

