Сите професионалци во италијанската Серија А, меѓу нив и нашите Горан Пандев (Џенова), Илија Несторовски (Удинезе) и Елиф Елмас (Наполи) ќе мора задолжително да се вакцинираат, за да нема никаков прекин во Серија А.
„Идејата за колективно вакцинирање е неколкупати споменувана вклучително и во разговорите со Асоцијацијата на играчи (АИЦ). Очигледно е дека нема друга алтернатива, ако се погледне што се случуваше во изминативе десет месеци“ – вели Франческо Браконаро од лекарската комисија.
Италијанците по 10 дена пауза од недела повотрно се врачаат на фудбалските терени во Серија „А“.

