Ивана Пројковска денеска ќе влезе во историјата на мак-фудбалот откако ќе се појави на центарот на стартот на финалниот меч меѓу Франција и Германија на Европското првенство за фудбалерки до 19 години што се одржува во Шкотска.
Тоа ќе биде прв пат наш фудбалски судија да се појави на финален меч без разлика во која конкуренција под капата на ФИФА и УЕФА.
„Јас сум многу среќна. Ние сме многу мала држава и тоа ќе значи многу за нашиот женски фудбал. Се надевам дека ќе поставам пример што ќе го следат други жени. Чувството е неверојатно, работевме напорно во текот на целата сезона и тоа е шлаг на тортата“ – вели Ивана Пројковска во изјава за официјалната веб-страница на УЕФА.