Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Промена во планот кај одбојкарите: подготовките ги започнуваат на  6.мај во Крушево
    Домашен микс

    Промена во планот кај одбојкарите: подготовките ги започнуваат на  6.мај во Крушево

    risteBy riste14/04/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Подготовките на машката сениорска репрезентација на Македонија за настапот во Европската лига 2026 ќе започнат една недела порано од претходно договореното. Селекторот Јошко Миленкоски побара, а Федерацијата одобри најдобрите одбојкари првиот собир да го имаат на шести мај во Крушево.

    ИО на ОФМ позитивно одговори на оваа промена свесен за она што ја очекува репрезентацијата – учеството во Европската лига 2026 за Македонија, која има двојно значење, како прв дел од квалификацискиот циклус за континенталниот собир во 2028 година, но истовремено и како прв дел од подготовките за настапот на Европското првенство 2026 во септември во Софија.

    Првиот дел од подготовките Миленкоски и неговите избраници ќе ги одработат во Крушево, додека останатиот дел од програмата нема да претрпи промени.

    Од 13 мај репрезентацијата ќе биде стационирана во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“ каде ќе се подготвува две недели. Финалната проверка на формата Македонија ќе ја има со пријателски натпревари со Црна Гора, во периодот од 27 до 29 мај во Подгорица.

    Машката репрезентација првиот турнир во Европската лига 2026 го игра на домашен терен, односно во салата „Парк“ во Струмица, каде на 5 јуни ја пречекува Холандија, додека на 7 јуни игра против Луксембург.

    Вториот турнир нашите одбојкари го играат во Грција, во Атина кога на 13 јуни ќе се соочат со Исланд, а ден подоцна играат со домаќинот Грција. Третиот турнир од Евро-лигата 2026 Македонија го игра на Косово, во Гњилане, каде на 19 јуни ќе се сретне со косовската репрезентација, додека на 20 јуни е предвиден мечот со Израел.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.