Промените во составот на ПСЖ се неизбежни. Според информациите на локалните медиуми, новиот директор на клубот подготвува подолга листа со имиња кои ќе си заминат.
Според L’Equipe, Луис Кампос потпишал тригодишен договор со парискиот клуб и го замени Леонардо на местото спортски директор.
Новиот менаџер сака да ангажира пет нови играчи, додека веќе има постигнато усмен договор со двајца играчи. Меѓу фудбалерите кои летово ќе си заминат се Левен Курзава, Мауро Икарди, Андер Ерера, Идриса Гаје, Џини Вајналдум и Леандро Паредес.

