Холандскиот репрезентативец Квинси Промес полета за Севиља за да биде подложен на медицински преглед во клубот кој вчера се избори за место во групната фаза од Лигата на Европа.
Напаѓачот на руски Спартак (М) како и што се најавуваше минатите денови ја напушта досегашната средина и се сели во Андалузија. Се претпоставува дека Промес ќе потпише договор со шпанскиот клуб веднаш по медицинските прегледи кои треба да минат утринава.
Ако Холанѓанецот успешно ги мине прегледите, трансферот ќе мора да биде завршен до полноќ.