Фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед испрати понуда за голманот на Интер, Андре Онана но, таа беше веднаш одбиена од италијанскиот тим.
„Црвените ѓаволи“ понудиле меѓу 45 и 50 милиони евра со бонуси што е многу помалку од сумата што ја бара Интер за потписот на Камерунецот.
27-годишниот голман во 2022 година дојде во Италија како слободен играч од холандскиот Ајакс. Онана во изминатата сезона одигра 41 натпревар и прими 36 голови.