Пропадна трансферот на полскиот интернационалец Никола Залевски од Рома во Галатасарај, објавија медиумите во Италија. Од Рома не ја прифатија понудата на турскиот гигант вредна 8 милиони евра плус уште 2 во вид на бонуси, како и процент од идните продажби.
Галатасарај му понуди на Залевски плата во висина од 2 милиони евра, а тој исто така не се согласи со овие услови. Подобрената понуда беше 500.000 илјади евра, но и тоа малку му се чинеше на фудбалерот.
Рома се согласи да го продаде Залевски по потпишувањето на Алексис Салемакерс, кој може да игра на левата страна, но сепак нема да се постигне договор.

