Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Пропадна трансферот на Родриго Морено во Атлетико Мадрид
    Фудбал

    Пропадна трансферот на Родриго Морено во Атлетико Мадрид

    risteBy riste18/08/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Напаѓачот на Валенсија, Родриго Морено, нема да се пресели во Атлетико (Мадрид), пренесува весникот „Марка“. Клубот од шпанската престолнина беше подготвен да плати 60 милиони евра за Морено, но во последен момент договорот не успеа.

    “Ние бевме подготвени дека Родриго Морено ќе го напушти клубот. Трансферот требаше д асе реализира. Клубот ме извести за тоа на 13 август. Морено исто така им кажа на сите дека оди во Атлетико, но сега договорот е откажан”, рече тренерот на Валенсија, Марселино по синоќешниот нерешен резултат 1:1 против Реал Сосиедад.

    Фудбалерот не тренираше цела недела, бидејќи индиректно беше вклучен во преговорите, исто така, разговараше за личните услови со неговиот татко и неговиот евентуален нов тим.

    Според информациите кои бе објавени, проблемите доаѓаат од Атлетико (Мадрид) или поточно од нивната неможност да влезат во финансиската игра. Адвокатите на Атлетико нема да можат да докажат дека сумата за која станува збор за Родриго Морено доаѓа од самиот клуб, а не пристигнале од трета страна во една или друга форма.

    Шпанската федерација е еден од најжестоките поддржувачи на „Финансиски Ферплеј“. Неколку договори за втора лига се откажани бидејќи клубовите не можат да гарантираат за плаќањата или немаат доказ за фудбалското потекло на нивните пари. Во клуб како Алавес, федерацијата ги контролираше сите трансакции, влезни и излезни за а провери на кој начин клубот дошол до финансиски средства за купување на играчи.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Артета не е задоволен со освоениот бод

    25/09/2023

    Покетино не чувствува притисок по лошата серија

    25/09/2023

    Анчелоти: морав да го заменам Модриќ

    25/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Одржана комеморација за Александар Стиков
    • Емил Павлов за Спортско радио 90.3 фм: Мојот сон е да станам светски шампион
    • АТП/ВТА: Калин во пад за две места, Лина скокна исто толку позиции
    • Бањаја откри дека имал проблем со сопирачките
    • Артета не е задоволен со освоениот бод
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.