Милан ќе се откаже од ангажман на фудбалерот на Рома, Николо Заниоло, откако во трката се вмеша премиер-лигашот Бурнмаут, објавија дел од медиумите во Италија.
„Росонерите“ сакаа да го земат на позајмица италијанскиот репрезентативец но, тоа нема да се случи иако ги договорија личните услови со фудбалерот.
Наводно, Бурнмаут е подготвен да испрати понуда од 30 милиони евра и веднаш да го купи Заниоло што е многу подобра опција за „римската волчица“.