Напаѓачот на Рома Един Џеко ќе се пресели во друг италијански клуб. Ова го најави селекторот на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки кој ја потврди оваа вест.
„Разговарав со Џеко и Пјаниќ, знам дека вториот ќе остане во Јувентус, а Џеко рече дека најверојатно ќе се пресели во друг италијански клуб”, изјави Просинечки.
Џеко е пред потпишување на тригодишниот договор со Интер. Минатата сезона, 33-годишниот босански репрезентативец одигра 40 натпревари за Рома, постигна 14 гола и имаше 8 асистенции.