Челниците на Ливерпул ќе треба да платат 60 милиони фунти за потписот на Џуд Белингем откако „Дејли Мејл“ откри, дека во неговиот договор има „тајна клаузула за ослободување“ далеку помала од сумата што ја бара Борусија Дортмунд – 100 милиони фунти.
Не е тајна дека Белингем е една од главните цели на „црвените“ иако за неговиот потпис конкурираат Челзи и Манчестер Сити.
Фудбалерот и неговото семејство неколку пати потенцираа дека гледаат со симпатии кон Ливерпул и работата на менаџерот, Јирген Клоп.