Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Рејкјавик ќе го одигра и петтиот натпревар во квалификациите за пласман на СП во Катар во 2022.
Нашите најдобри фудбалери вечерва против домаќинот Исланд ќе се обидат да ја извојуваат третата победа во квалификациите, прва под водство на новиот селектор Благоја Милевски.
„Ерменија останува зад нас, жалам за пропуштените два бода, но направивме сѐ што беше во нашите можности. Ни недостасуваше завршницаи реализација. Се надевам сега тоа ќе го подобриме. Наше е да одиме да одиграме најдобро што знаеме, да одиме на победа. Нè очекува тежок и неизвесен натпревар“, потенцираше пред мечот, Милевски.
Дуелот во Рејкјавик стартува со почеток од 18 часот.