Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе имаше одличен пласман на патеката во Имола.
Иџе впрочем ја имаше најдобрата овосезонска трка во ТЦР шампионатот на Италија и за првпат се избори за место на подиумот. Уште еднаш се покажа дека легендарната патека „Имола“ му е омилена на нашиот натпреварувач и повторно се искачи на подиумот.
Така беше во 2016 година кога ја забележа својата прва победа, а така беше и минатата година, кога заврши на третото место.
На денешната трка, Стефановски имаше одличен настап и заврши втор со задоцнување од само 0,8 секунди зад победникот Чекон од Италија, а место на подиумот имаше уште за рускиот возач Леонов.