Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Прва пресметка меѓу гигантите на „Етихад“
    Фудбал

    Прва пресметка меѓу гигантите на „Етихад“

    risteBy riste11/04/2023No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Манчестер Сити вечерва го пречекува Баерн (Минхен) во првиот натпревар од најинтересната четвртфинална двојка во Лигата на шампионите. Двата тима не се сретнале од далечната 2014 година кога имаа по една победа во групната фаза од ова натпреварување, а последниот меѓусебен натпревар заврши 3:2 за Англичаните, а тренерот на баварскиот тим тогаш беше Пеп Гвардиола.

    И двата тима не ги кријат амбициите за триумф во најпрестижниот европски клупски турнир, а шпанскиот менаџер на клупата на „граѓаните“ сигурно ќе биде максимално мотивиран на средбата со својот поранешен тим. Гвардиола се уште го брка трофејот во Лигата на шампионите со Манчестер Сити, а Баерн е секако голем предизвик за него.

    Машинеријата на Пеп Гвардиола во последно време игра во ефикасна форма со 8 последователни победи во сите натпреварувања. Манчестер Сити во осминафиналето лесно елиминираше уште еден германски противник – РБ Лајпциг, совладувајќи ги со убедливи 7:0 на „Етихад“ по 1:1 во првиот меч. Ерлинг Халанд на таа средба постигна феноменални пет гола на тој натпревар и исто така двапати погоди против Саутемптон изминатиот викенд.

    Норвешката ѕвезда на сигурно ќе биде најголемата закана за одбраната на Баерн Минхен, откако оваа сезона веќе постигна 10 гола во Лигата на шампионите.

    Пеп Гвардиола нема да може да го користи Фил Фоуден, кој се уште се опоравува од операцијата за отстранување на слепото црево. Се очекува Гвардиола да се определи за Едерсон на голот, а пред него најверојатно ќе дејствуваат Стоунс, Аканжи, Диас и Аке. Родри и Гундоган ќе бидат играчи на средината на теренот, а Марез, Де Брујн и Грилиш најверојатно ќе играат на позициите напред зад Халанд.

    Баерн, пак, во осминафиналето ги осфрли Меси, Мбапе и нивниот тим ПСЖ откако забележа победи од 1:0 и 2:0, а тимот и понатаму има перфектен рекорд во Лигата на шампионите. Сепак, одличниот настап на турнирот не му ја спаси работата на Јулијан Нагелсман, кој за време на паузата за репрезентациите беше заменет од Томас Тухел. Новиот тренер на Баварците тргна добро во дербито против Борусија (Дортмунд), но потоа беше елиминиран од Купот на Германија од Фрајбург. Викендов Баерн сепак му се реваншираше на Фрајбург и го победи како гостин со 1:0 во Бундес лигата.

    Тухел има убави спомени од пресметката во Лигата на шампионите со Манчестер Сити на Гвардиола, откако неговиот тим Челзи ги победи со 1:0 во финалето на турнирот 2021. Новиот предводник на Баерн ќе биде без повредениот Ерик Максим Чупо-Мотинг, а Мануел Ноер и Лука Хернандез продолжува да ги лекува нивните сериозни повреди.

    Главната дилема пред Тухел ќе биде точно кој ќе биде замената за камерунскиот голгетер – Садио Мане или Томас Милер кој ќе треба да игра како централен напаѓач. Се очекува Тухел да се потпре на Павард, де Лихт, Упамекано и Дејвис во одбраната пред голманот Зомер. Не е исклучено од првата минута да стартува и Жоао Кансело кој беше позајмен од Манчестер Сити, а Португалецот сигурно ќе има што да му докаже на Гвардиола со кого влезе во конфликт за време на зимската пауза. Кимих и Горецка најверојатно ќе бидат играчи од средниот ред, Мусиала ќе биде зад напаѓачот, а на крилните позиции Баерн има многу опции во Сане, Коман, Гнабри или евентуално Мане доколку Сенегалецот не игра напред во нападот.

    МАНЧЕСТЕР СИТИ – БАЕРН МИНХЕН

    Веројатни состави:
    Манчестер Сити (4-3-3): Едерсон, Стоунс, Аканжи, Р.Дијаз, Аке, Де Бруин, Родри, Гундоган, Б.Силва, Халан и Грилиш.
    Баерн (4-2-3-1): Зомер; Павард, Де Лихт, Упамекано, А.Дејвис; Кимих, Горецка, Коман, Мусиала, Мане, и Т. Милер.
    Судија: Хесус Хил Манцано (Шпанија)
    Стадион: „Етихад“

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Милионерите“ го сакаат потписот на Гундоган

    05/06/2023

    „Сините“ купија голем талент од Парагвај

    05/06/2023

    Абрахам има тешка повреда

    05/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • „Милионерите“ го сакаат потписот на Гундоган
    • „Сините“ купија голем талент од Парагвај
    • Абрахам има тешка повреда
    • Албанецот си замина од Рим
    • Атанасов најмлад тренер кој ја освоил титулата, Дамјан славеше по осмипат
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.