Шпанскиот мотоциклист Карлес Фалкон е пренесен во болница во тешка состојба откако имал несреќа при крајот на втората етапа на релито Дакар.
Тој ја повредил главата и со хеликоптер бил пренесен во болницата во Ал-Дувадим во критична состојба.
„Кога пристигнаа болничарите, тој немаше пулс. Се уште не знаеме дали имал само повреди на главата од ударот или несреќата се случила бидејќи имаше мозочен удар“ – изјави директорот на релито, Дејвид Кастер.