Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, денеска го имаше првиот собир со нашите репрезентативци во пресрет на дуелот со Данска во првиот бараж меч за пат на Мундијалот ова лето.
Седлоски во Скопје пречека дел од повиканите репрезентативци кои вчера завршија со своите клупски обврски, а добар дел од оние кои се уште не се пристигнати, ќе ја комплетираат репрезентацијата во текот на утрешниот ден. Во Скопје веќе дојдоа Мусовски, Херера, Дориев, Елмас, Барди, Чурлинов, Зајков, Костадинов, Стојчевски… Попладнево националниот тим ќе го има и првиот тренинг, за веќе од утре селекцијата да продолжи да работи комплетна.
Нашиот национален состав во вторник за минува за Копенхаген, а во четврток на „Паркен“ стадионот не очекува и дуелот со Данците (20.45 ч.).

