Еузебио Ди Франческо стана првиот отпуштен тренер во италијанската Серија А оваа сезона. Тој го напушти тренерското место во Сампдорија по слабиот старт на сезоната што го има тимот.
Клубот официјално потврди дека се разделиле со тренерот. Според „Газета дело спорт“, тој ќе добие обештетување од 1,8 евра, што е негова плата за една година. Поранешниот тренер на Рома пристигна во Џенова летово, но по шест порази во првите седум кола мораше да замине брзо.
Според некои медиуми во Италија, фаворит за негов наследник е Џузепе Јакини, кој ја предводел Сампдорија при промоција во елитата во 2012 година.