Во „Куќата на фудбалот“ беа доделени првите УЕФА Ц дипломи издадени од Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија.
Истите ги примија педесетина тренери од вкупно 85 кои ги исполнија зададените задачи и обврски од Центарот за едукација.
Дипломите беа доделени од страна на генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, директорот на Центарот за едукација, Небојша Марковски и едукаторите.