Една од ѕвездите на Челзи Еден Азар се споменува како првата трансферна цел на Зинедин Зидан по повторното враќање на француската легенда на чело на Реал Мадрид.
Според британското издание „Телеграф” на „Бернабеу” дури веќе се ангажирале за евентуалното реализирање на оваа зделка и направиле контакт со своите колеги од „Стемфорд Бриџ” со барање под какви услови може да им биде продаден белгискиот репрезентативец.
Не е тајна дека Зидан посакува да го види Еден Азар во својата екипа и тоа е јасно одамна. Желбата на „кралевите” е да го привлечат Белгиецот со тригодишен договор до 2022 година, а трансферната сума за него сигурно ќе надмине 100 милиони фунти, но се уште не е јасно по која цена ќе се договорат двата тима, а тоа останува мистерија.
Се очекува и самиот Еден Азар да ја поддржи неговата продажба и најверојатно ќе испрати барање до раководството на клубот да му биде овозможен овој трансфер.

