Дисциплинската комисија за француската фудбалска лига му изрече дополнителна казна за играчот на Монако, Александар Головин.
Русинот доби црвен картон при поразот од Олимпик Лион со 0:3 поради груб прекршок над Набил Фекир. Овој фудбалер поради овој негов потег доби казна од 4 меча неиграње за својата екипа. Според тоа тој нема да може да им помогне на своите соиграчи на средбите против Гингамп, Олимпик Марсеј, Ница и Стразбур.
Судијата Клеман Турпен одлучи да го исклучи Головин по консултации со „ВАР“ Видео системот му дозволи на судијата да види дека Головин бил остар со копачките на ногата на Фекир.
Ова е прв црвена карта во кариерата на поранешниот фудбалер на ЦСКА (Москва). Во вкупно 125 натпревари на клупско ниво и за националниот тим на Русија има добиено 26 жолти картони.