Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, пред денешниот меч со Шахтјор во Лигата на шампионите, потврди, дека првиот голгетер, Серхио Агуеро, ќе мора да паузира подолг период и дека нема да игра и на дербито со Манчестер Јунајтед закажано во наредниот викенд.
„Не знам точно колку ќе паузира, но, тој се соочува со проблеми и ќе мора да паузира на неколку натпревари“ – потенцираше тренерот на „граѓаните“ на задолжителната средба со новинарите пред средбата со украинскиот состав.
„Ќе ни недостасува Серхио, но, како замена ги имаме Габриел Жесус и Рахим Стерлинг. Двајцата може да играат на неговата позиција“ – потенцираше менаџерот на Манчестер Сити.