Леонардо кој го има главниот збор околу засилувањата во ПСЖ, проговори околу ангажманот на легендарниот дефанзивец на Реал Мадрид, Серхио Рамос, кој никако не успева да се врати на теренот и да ја санира повредата.
„Не очекувавме да бидеме без Рамос четири или пет месеци. Знаевме дека има повреди од минатата сезона со кои треба да се справиме, но, вистина е дека имавме изненадувања. Тој е сега на вистинскиот пат“ – вели Леонардо.
Рамос во текот на летото како слободен играч ги напушти „кралевите“ од Мадрид и се пресели на – „Паркот на принцовите“.

