Во просториите на ФФМ беа извлечени натпреварувачките броеви на екипие за следната сезона во ПМФЛ. Според истите бранителот на титулата Струга Трим Љум во првото коло ќе игра против новајлијата Гостивар. Вардар пак својот кам-бек во ПМФЛ ќе го има на гостување во Струмица кај АП Брера Струмица. Воска Спорт ќе ја дочека Шкендија, а Тиквеш ќе биде домакин на Македонија ЃП. Брегалница ќе игра против Силекс, а Работнички на домашен терен отвара против Шкупи.
Прво коло на ПМФЛ:
АП Брера Струмица – Вардар
Воска Спорт – Шкендија
Струга Трум Љим – Гостивар
Тиквеш – Македонија ЃП
Брегалница – Силекс
Работнички – Шкупи
Стартот на сезонава во Првата македонска фудбалска лига е закажан за следниот викенд на 5 и 6 август.

