Првиот трансфер на Зинедин Зидан по неговото враќање во Реал Мадрид ќе биде дефанзивецот Едер Милитао од Порто, пишува денеска весникот „Марка“.
Фудбалерот беше поврзуван со Реал Мадрид и порано, но сега се тврди дека се е прецизирано и овој трансфер ќе биде потврден или до крајот на март или на почетокот на април. Реал успеа да ги реши проблемите поврзани со поранешниот клуб на играчот Сао Паоло, кој сеуште држи дел од неговите права и на тој начин ќе биде првото ново засилување на тимот за следната сезона.
Во оваа сезона Реал Мадрид има имаа сериозни проблеми во центарот на одбраната поради повреди на играчи, но сега со доаѓањето на Милитао надежите се дека одбраната ќе се стабилизира. Откупната клаузула на играчот пред 15 јули е 50 милиони евра, а потоа скокнува до 75 милиони евра. Во Мадрид, сепак, ќе го избегнат зголемувањето, со тоа што планираат претходно да ги уплатат бараните 50 милиони евра.
Милитао веќе влегува и во плановите на селекторот на Бразил, а со доаѓањето во Реал ќе биде 5-от Бразилец во тимот по Родриго, Винисиус, Марсело и Каземиро.