Со синоќешниот пораз на Тотенхем од Манчестер Сити, екипата на Астон Вила за првпат во својата историја следната сезона ќе учествува во Лигата на шампионите.
Во минатото тимот од Бирмингем веќе учествуваше во најсилното континентално натпреварување, но кога тоа сè уште беше наречено Куп на Европските шампиони.
Астон Вила не е меѓу тимовите кои се натпреварувале во најсилното клупско натпреварување во последните 41 година. Последен пат тимот од „Вила Парк“ играл меѓу најдобрите во Европа во Купот на европските шампиони со сезоната 1982/83 година.