Екипата на Мајорка е првиот финалист на овогодинешниот Куп на кралот во Шпанија. Синоќа во реванш дуелот од полуфиналето, Мајорка одигра нерешено 1:1 на гости кај Реал Сосиедад, па поради ремито од 0:0 во првиот меч, се играа продолженија. Откако и тие не дадоа победник, мечот беше решен по изведување пенали, кој Мајорка го доби со 5:4!
Името на вториот учесник на финалето ќе го дознаеме денеска кога ќе се сретнат Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид. Првиот натпревар го доби Билбао како гостин со 1:0.