Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»„ПСС Рејсинг“ ќе атакува на титулата во ТЦР Европа
    Домашен микс

    „ПСС Рејсинг“ ќе атакува на титулата во ТЦР Европа

    risteBy riste23/06/2021No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Франко Џиролами по неколку пласмани на подиумот стигна до својата прва победа во ТЦР Европа, која е воедно прва и за македонскиот тим „ПСС Рејсинг“, кој со ова испиша нова историја како прв македонски тим што победил во ова европско првенство.

    Македонскиот возач Виктор Давидовски поради проблеми со сопирачките во квалификациите стартуваше од 14 место, но успеа на два пати да финишира во бодови. Во првата трка стигна до 11 место, а во втората до 10 место,

    „Во првите шест трки има шест различни победници и тоа е јасен показател колку е тешко да се биде на врвот во ТЦР Европа. Ланската сезона беше проблематична за нас за да го одржиме континуитетот, но решивме оваа година да одиме чекор понапред и да се натпреваруваме со две возила. Но, со влезот на тимот на Себастијан Лоеб, кој претходно беше само во светското ТЦР првенство конкуренцијата се заостри бидејќи де факто влегоа со четири нови автомобили кои до сега ги немаше, а дополнително со подемот на перформансите на „Хонда“ се умножија и возилата кои се под закрила на нивните тјунерски работилници, што прави да мислам дека ова е најтешкото од сите четири европски првенства на кои досега настапуваме“,– вели Давидовски во својата анализа.

    Трките на холандската патека „Зандворт“ беа дел од третиот гран при викенд сезонава, а следен предизвик ќе биде легендарната белгиска патека Спа Франкоршамп на крајот од јули.

    „Франко беше убедливо подобар овој викенд, јас ја испуштив шансата поради проблеми со сопирачките во квалификациите, кога за две десетинки не успеав да се пласирам во втората сесија, со што ќе можев да бидам крај него. Фер е да се каже дека тој беше три десетинки побрз од мене и во пресрет на втората трка застанавме зад него како тим и баравме да ги има најдобрите делови за да може да оди на победа, а со тоа и да избие на првото место во генералниот пласман. Тој го испорача резултатот што го баравме и сега нашата цел ќе биде тој да се бори за шампионската титула. За несреќа, мојот автомобил имаше мало оштетување при големиот инцидент што се случи при откажувањето на Том Коронел, бидејќи бев удрен од возилото на Феличе Јелмини, па морав да го чувам возилото за да финиширам. Овие успеси се постигнуваат многу тешко, но имав впечаток дека не бевме сфатени сериозно. Мислам дека сега кога покажавме амбиции и материјал за борба за титулата, нашиот труд ќе добие на тежина“ истакна Давидовски.

    Франко Џиролами води во генералниот пласман со 154 бодови, додека главните ривали во продолжението на сезоната ќе бидат Микел Аскона, моментално со 143 бода, додека заедно со него се Џими Кларе и Том Коронел со по 132 бода. Бидејќи за победа се добиваат по 40 бодови, шанси за приклучок кон врвот имаат и Меди Бенани со 126 бода, Нилс Лангевелд со 124 бода и поранешниот првак, Душан Борковиќ, кој има 113 бода.

    Тимот „Себастијан Лоеб Рејсинг“ кој има четири возила Хјундаи Елантра е водечки кај екипите со 336 бода, додека „Comtoyou“ кој настапува со возилата на Ауди е втор со 290 бода. „ПСС Рејсинг“ е на третата позиција со 240 бода, при што зад нив се уште три тима со мали бодовни заостанувања.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.