Францускиот шампион ПСЖ го информирал Челзи за цената на дефанзивецот Преснел Кимпембе.
„Сините“ неодамна започнаа разговори за Французинот. Парижаните му соопштиле на Челзи дека сакаат 50 милиони евра и уште 10 милиони евра во вид на бонуси, објави „Индипендент“.
Проценките за вредноста на 26-годишниот играч меѓу клубовите се различни – лондонскиот клуб го проценува играчот за 20 милиони евра поевтино.
Од друга страна самиот Кимпембе најмногу би сакал да продолжи да игра во ПСЖ.