ПСЖ ќе му гостува на Бордо во француската Лига 1 без една од своите ѕвезди – Анхел Ди Марија. Аргентинецот заработи повреда на левата нога на реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите и ќе се опоравува извесно време.
Надвор од составот на парижани е и шпанскиот дефанзивец Хуан Бернат, кој се опоравува од повредата на левиот зглоб. Надвор од групата на тимот на Маурисио Покетино се уште и Серхио Рамос и Андер Ерера.