Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Томас Тухел, пред денешниот меч од Супер Купот на Франција против екипата на Рен, нагласи дека Нејмар е максимално подготвен за наредната сезона, но, дека денеска нема да игра бидејќи е казнет.
„Нејмар е во неговата препознатлива форма. Тој се однесува нормално на тренинзите и ми рече сака да игра“ – вели Тухел.
„Сепак поради казната од претходната сезона ќе мора да го пропушти првиот официјален натпревар. Неговата поддршка мнoгу им значи на фудбалерите“ – вели тренерот на „светците“.