На прес-конференцијата пред вечершниот домашен натпревар против Сент Етјен тренерот на ПСЖ Томас Тухел најави дека ќе ја остави големата ѕвезда на тимот Нејмар надвор од составот за овој натпревар.
Ова е официјално потврдено откако беа објевени имињата на 19-те играчи на кои ќе смета тренерот вечерва на оваа средба. Причината за отсуството на Бразилец е желбата на Тухел да му даде пауза пред важната средба против Ливерпул од групната фаза од Лигата на шампионите.
Неговите соиграчи од Бразил, Маркињос и Тиаго Силва сепак ќе можат да играат против Сент Етјен, како и новите засилувања Ерик-Максим Чупо-Мотинг и Хуан Бернат, кои очекуваат свое деби. Сепак, Килијан Мбапе ќе биде отсутен, бидејќи издржува казна од три натпревари поради црвениот картон против Ним во последното коло.