ПСЖ е подготвен да ја подигне понудата за репрезентативецот на Данска Кристијан Ериксен и на 100 милиони фунти само да го добие како засилување ова лето.
Играчот на Тотенхем е прва трансфер цел на парижани кои ќе се обидат да ги искористат последните денови од европскиот трансфер период за да го реализираат трансферот на офанзивниот играч за врска.
Новиот тренер на ПСЖ, Тухел, изјавил дека со доаѓањето на Ериксен, тимот сериозно ќе го подигне квалитетот во сезоната во која и натаму главна амбиција е освојувањето на Лигата на шампионите.