Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ПСЖ е кандидат да го купи „Стад де Франс“
    Фудбал

    ПСЖ е кандидат да го купи „Стад де Франс“

    risteBy riste10/03/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Пари Сен Жермен ќе биде кандидат за купување на „Стад де Франс“ што го најави државата, тврди весникот „Л‘Екип“. Продажбата на спортскиот објект треба да се случи летото 2025 година. Бидејќи преговорите со градското собрание на Париз за можното купување на „Паркот на принцовите“, историскиот стадион на ПСЖ, се во ќорсокак, клубот се позиционира како можен купувач на „Стад де Франс“, кој има капацитет од 80.000 и неговата цена, според државата, изнесува 647 милиони евра.

    Државата објави две понуди за „Стад де Фрас“ на 7 март, една за нова концесија, а барателите треба да поднесат документи до 27 април до 12:00 часот. Со стадионот, кој беше изграден за Светското првенство во 1998 година, досега стопанисуваа две гигантски компании – „Винчи“ и „Буиг“. ПСЖ сакаше да започне со реконструкција на „Паркот на принцовите“ и да го зголеми неговиот капацитет од 47.000 на 58.000 седишта, што би чинело 500 милиони евра.

    Според катарските сопственици на клубот, тоа е можно само доколку ПСЖ го купи спортскиот објект, но Градското собрание на Париз не покажало желба да го продаде. Опцијата бр.1 на ПСЖ останува купувањето на „Паркот на принцовите“, иако градоначалничката на Париз, Ан Идалго изјави дека стадионот „не е на продажба“.

    Втората опција е клубот да го купи „Стад де Франс“ и да го реконструира како „вистински фудбалски стадион“. Во оваа опција, сепак, клубот останува да ја сподели, бидејќи според понудата „во следните 25 години“ таму ќе продолжат да се одржуваат натпревари на националните фудбалски и рагби репрезентации на Франција. Може да има организација на други големи настани – финалиња на европски фудбалски и рагби турнири, Европско фудбалско првенство, светски првенства во фудбал и рагби.

    И третата можност е ПСЖ да изгради нов стадион, кој ќе биде во близина на Париз или во западниот дел на градот – во Поаси, каде ќе биде сместен идниот тренинг центар на тимот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Челзи бара замена за Маунт….

    21/03/2023

    Халанд се врати во Англија

    21/03/2023

    Седло го напушти Шкупи

    21/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Челзи бара замена за Маунт….
    • Халанд се врати во Англија
    • Седло го напушти Шкупи
    • ОФИЦИЈАЛНО: Севиља се раздели со тренерот на тимот Хорхе Сампаоли
    • Рој Хоџсон се враќа на клупата на Кристал Палас
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.