Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ПСЖ е меѓу фаворитите за потписот на Иско
    Фудбал

    ПСЖ е меѓу фаворитите за потписот на Иско

    risteBy riste29/12/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Францускиот шампион ПСЖ е голем фаворит за ангажирање на играчот од Реал Мадрид Иско, пренесуваат медиумите во Париз.

    Лично претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи се сретнал со агентот на шпанскиот репрезентативец – неговиот татко Пако Аларкон. Самиот играч е заинтересиран да оди во Париз, иако сака да игра под раководство на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

    Клубскиот колега од „Сантијаго Бернабеу” Карим Бензема сепак му кажал одлични зборови за француската престолнина и Иско се согласил да премине кај „принцовите”. Проблем за можниот трансфер може да биде тоа што ПСЖ има проблем со финансискиот фер плеј. Купувањето на Шпанецот ќе бара продажба на друга ѕвезда.Да потсетиме дека Иско сака да го напушти Реал поради скандалот со новиот тренер Сантијаго Солари. Неговото име е поврзано и со Јувентус и Ливерпул.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Погба, конечно, се враќа во тимот на Јувентус

    29/01/2023

    Пеп: ме изненади тактиката на Артета

    28/01/2023

    Елмас сакал да го напушти Наполи

    28/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Големо признание: Начевски и Николов ќе го судат финалето на СП 2023
    • Франција посилна за Карабатиќ на вечерашното финале на СП
    • Ѓоковиќ по 10-ти пат го освои Мелбурн и се враќа на врвот на АТП листата
    • Погба, конечно, се враќа во тимот на Јувентус
    • Сабаленка го освои Мелбурн
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.