Екипата на ПСЖ славеше во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Шампионите со 3:0 против екипата на РБ Лајпциг и со тоа обезбеди пласман во големото финале.
Тимот на ПСЖ дојде до водство во 13.минута преку Маркињос кој го искористи добриот центаршут на Анхел Ди Мартија и му донесе водство на својот тим. Вториот гол беше дело на Ди Мариа по една грешка на голманот ан РБ Лајпциг во 42.минута.
Во вториот дел Лајпциг се обиде да направи притисок , но ПСЖ не дозволи да постигне гол противникот, а од друга страна преку Бернат зголемија на 3:0 во 56.минута што на крајот беше и конечен резултат на натпреварот.