Управата на ПСЖ е подготвена во јануари да го купи напаѓачот Мауро Икарди од Интер за 70 милиони евра, но плановите на парижаните може да ги попречи сопругата и агентот на фудбалерот Ванда Нара, пренесува „Тутоспорт“.
Сега Икарди настапува во ПСЖ на позајмица. На 15 натпревари од сите натпреварувања, 26-годишниот Аргентинец постигна 12 гола и даде 2 асистенции. Со оглед на добриот настап на напаѓачот, Нара сака да побара и други понуди што може да дојдат наредното лето. Таа се надева дека нејзиниот сопруг ќе биде интересен за Реал Мадрид и Јувентус.
Во ПСЖ, Икарди заработува 10 милиони евра годишно. Платата на фудбалерот во Интер беше скоро половина од тоа – 5,5 милиони евра годишно.