Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ПСЖ е подготвен да го продаде Килијан Мбапе од 120 до 150 милиони евра
    Фудбал

    ПСЖ е подготвен да го продаде Килијан Мбапе од 120 до 150 милиони евра

    risteBy riste02/04/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Сагата околу напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе продолжува со полна сила. Тој се уште нема потпишано нов договор со клубот и ова сериозно ги загрижува газдите на ПСЖ.

    Нивните надежи дека тоа ќе се случи сериозно ги сруши фудбалерот, кој рече дека е уморен од критиките на негова адреса во Франција и дека е подготвен да се пресели во друг шампионат

    Според информациите на „АС“, ПСЖ се чини дека ќе се помири со фактот дека ќе биде тешко да се задржи 22-годишниот фудбалер. Клубот е подготвен да прифати понуда за него во висина од 120-150 милиони евра ова лето. Ова е многу помалку од првично утврдената цена од 200 милиони евра, која беше објавена пред неколку недели.

    Договорот на Мбапе е до летото 2022 година, но ПСЖ нема да ризикува да чека да истече, бидејќи тогаш играчот ќе замине без обештетување.

    Клубот не може да си дозволи такво нешто, откако во 2017 година за него плати неверојатни 180 милиони евра на Монако. Затоа на „Паркот на принцовите“ се подготвени да направат компромис за цената и се согласуваат на помала сума во однос на обна што сакаа да го добијат.

    Интерес за Мбапе име, а неговото име најчесто се поврзува со Реал Мадрид и Ливерпул, но ситуацијата околу него ја следат и други европски гиганти како Барселона, Јувентус и Манчестер Сити, кои исто така може да бидат вклучени во битката за неговиот потпис.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.