Раководството на ПСЖ планира во стедниот трансфер период да го размени напаѓачот Мауро Икарди за двајца играчи на Јувентус, пренесува „Газета дело Спорт“.
Икарди настапува во ПСЖ со позајмица од Интер, кој не е заинтересиран за неговите услуги. Претходно се дозна дека Аргентинецот сака да се врати во Италија, па парижаните веројатно ќе треба да се разделат со него. ПСЖ планира да го купи Мауро Икарди од Интер за 70 милиони евра, а потоа да го продаде на Јувентус.
Францускиот клуб сака „старата дама“ да ги вклучи играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ и дефанзивецот Алекс Сандро како дел од договорот. Оваа сезона Икарди постигна 20 гола и имаше 4 асистенции на 31 натпревар во сите натпреварувања во дресот на ПСЖ.