Фудбалскиот состав на ПСЖ размислува да му дозволи на Нејмар да се врати во Барселона, под услов да ги добие во замена Дембеле, Тодибо и Умтити, најави денеска весникот – „Мундо Депортиво“.
Наводно, тимот од „Паркот на принцовите“ планира да ги собере најдобрите играчи со француско потекло па доколку Барселона се согласи за евентуална размена на играчи, тогаш Нејмар ќе може да се врати на „Камп ноу“. Претходно ПСЖ во неколку наврати ги одби понудите на Барселона за брзоногиот Бразилец, иако во нив беа вклучени и Кутињо, Ракитиќ и Артур.
Сега веројатно плановите на французите се менуваат додека „бубамарата“ е ставена во мирување поради пандемијата со крона-вирусот.
