Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ПСЖ го израмни рекордот на Реал Мадрид
    Фудбал

    ПСЖ го израмни рекордот на Реал Мадрид

    risteBy riste19/08/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    ПСЖ се пласираше во финалето на Лигата на шампионите повеќе од заслужено, откако го совлада РБ Лајпциг со 3:0.

    Парижаните постигнаа гол на својот 34 последователен натпревар во Лигата на шампионите и со тоа го изедначија рекордот на Реал Мадрид, кој исто така има серија од 34 натпревари во Лигата на шампионите со најмалку еден постигнат гол помеѓу 2011 и 2014 година. За последен пат ПСЖ не постигна гол на натпревар во најпрестижното клупско натпреварување во април 2016 година, кога загубија со 0:1 од Манчестер Сити.

    Статистичарите објавија уште еден интересен факт. ПСЖ е веќе тимот на кој му требаа најмногу натпревари за да стигне до финалето во Лигата на шампионите. Синоќешниот натпревар беше број 110 за оваа екипа во Лигата на шампионите.

    Досега рекордот за повеќето натпревари одиграни пред финалето во Лигата на шампионите му припаѓаше на Арсенал. „Топџиите“ одиграа 90 натпревари во КЕШ / ЛШ помеѓу 1971 и 2006 година пред да можат да го подигнат трофејот, но загубија од Барселона 1:2.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина

    20/03/2023

    Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда

    20/03/2023

    Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 

    20/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.