Пари Сен Жермен ќе го купи дефанзивецот на Баерн, Лукас Ернандез, објави новинарот Фабрис Хокинс на својот Твитер профил. Германскиот клуб веќе му даде дозвола на играчот да отпатува во Франција на медицински прегледи.
Веќе е склучен индивидуален договор меѓу дефанзивецот и ПСЖ – договорот ќе трае три години со можност за продолжување на една сезона.
Работата останува кај клубовите, тие мора да ги договорат конечните детали од трансферот. Парижаните се очекува да платат околу 47 милиони евра за играчот.
Во сезоната 2022/2023 во Бундеслигата, Лукас Хернандез одигра само седум натпревари без ниту еден постигнат гол и асистенција.
Баерн стана шампион на Бундеслигата со 71 бод пред Борусија Дортмунд поради подобрата гол разлика.